Monday, May 4, 2015

Лионел Меси

Лионел Андрес Меси (шпанскиLionel Andrés Messiшпански изговор: [ljoˈnel anˈdɾes ˈmesi]; роден на 24 јуни 1987) —аргентински фудбалер кој настапува за екипата за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, а често и за најдобар фудбалер во светот, со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете.Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.
Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона. Во 2000 година го напуштил клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст). Дебитирал во сезоната 2004/2005 и станал најмладиот играч кој дал гол во лигата. Истата година Барселона ја освоила шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, ја освоила и Лигата на шампионите. Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата.
Меси бил најдобар стрелец во Светскиот шампионат на младинци на ФИФА во 2005 година со 6 постигнат голови, од кои 2 во последниот натпревар. Веднаш потоа станал и редовен член на сениорската репрезентација на Аргентина. Во 2006 година станал најмладиот Аргентинец што играл на Светското првенство, а во 2007 го освои второто место на Купот на Америка. На Олимписките игри во Пекинг 2008, Меси го освоил своето прво меѓународно признание, олимписки златен медал, со аргентинскиот олимписки фудбалски тим.

No comments:

Post a Comment